ЧПП
Често поставувани прашања
Одговори на најчестите прашања за нашите услуги. Не го најдовте вашето прашање? Јавете се — тука сме 24/7.
Која е цената за приклучок на Кабелска ТВ и Интернет?
Приклучокот за Кабелска ТВ и Интернет е 0 денари, ја плаќате само првата месечна претплата.
Зошто на некои канали имам само темна позадина?
Тоа се каналите со Full HD квалитет; за да можете да ги гледате потребно е вашиот ТВ приемник да поддржува Full HD.
Дали може да ми приклучите само Интернет?
Таму каде што е достапна услугата Infinity (во целото градско подрачје) може да приклучите само Интернет.
Дали можам да користам сопствен безжичен рутер?
Рутерот кој ќе го користите е по ваш избор, можете да го набавите кај нас или од друго место.
Под кои услови можам да набавам безжичен рутер од Нет Кабел?
Можете да го купите кај нас или да го добиете бесплатно со потпишување на договор на 2 години, и после тие 2 години рутерот останува ваш.
Колку телевизори може да приклучам на Кабелска ТВ во мојот дом со една месечна претплата?
Со една месечна претплата може да приклучите до 4 ТВ приемници во вашиот дом.
Дали може сметките од Нет Кабел да се плаќаат електронски?
Може преку оваа веб страна – за плаќање на последната комплетна сметка преку Е-сметка, или за поединечна услуга преку категориите Кабелска Телевизија или Интернет пакети.
Дали има намалување на брзината или доплата за потрошен Интернет сообраќај?
Сите интернет пакети кај нас се со неограничен сообраќај и нема никакви ограничувања или доплати.